Monday, 12 December 2011 08:54 Вести

Љубителите на животни во сибирскиот Јакутск, спасиле куче кое повеќе од две седмици чувал мртва женка, обидувајќи се да ја загрее.


Овие две кучиња ја чувале локалната гаража во сибирскиот град Јакутск додека едно од нив не умрело откако наводно е отровано. Другото куче не сакало да го напушти трупот, дури и кога температурата паднала на минус 50 степени Целзиусови.

Мештаните му го дале името „Јакутски Хачико“, по јапонското куче кое остана запаметено по неверојатната верност на мртвиот сопственик, чекајќи го на железничката станица седум години.

Откако оваа приказна е објавена, љубителите на животни во Јакутск почнале на кучето да му носат храна, а подоцна го префрлиле на сигурно плашејќи се да не умре од студ.

Меѓутоа, по само неколку часа „Хачико“ се ослободил и повторно се сместил на истото место покрај умрената женка, далеку од сигурното место.

Мештаните подоцна се откажале од плановите да го вдомат и му направиле топла куќичка за кучиња, а мртвото куче го закопале.

Кучето набргу после тоа почнало да се опоравува и сега јаде нормално.

Во меѓувреме, жена од германскиот град Келн се понудила да го посвои откако ја прочитала приказната за неговата верност.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...