Friday, 25 November 2011 09:18 Вести

Една од водечките руски телевизиски станици, REN TV, ја отпушти својата водителка Татјана Лиманова, која ги запрепасти гледачите затоа што подигна среден прст додека го читаше името на американскиот претседател Барак Обама.


Инцидентот се случил на 14 ноември, за време на попладневните вести кои ги водела Лиманова, добитничка на престижната руска телевизиска награда TEFI.

Лиманова читала преглед на вестите за самитот на лидери на Организацијата за соработка на земјите од азиско-пацифичкиот регион (APEC), кој е одржан на Хаваите.

„Димитриј Медведев денеска го презеде претседавањето на APEC, а таа функција порано ја извршувал американскиот претседател Барак Обама“, рече таа по што го подигна средниот прст на левата рака кон камерата.

Извор близок на телевизиската станица тврди дека Лиманова добила отказ уште истиот ден кога се случил инцидентот. Веста за нејзиното отпуштање потврдена е откако за ова известиле бројни руски медиуми.

Во објаснувањето на оваа телевизиска станица се наведува дека водителката им гестикулирала на своите колеги зад камерата и дека не знаела дека уште е во програма.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...