Monday, 21 November 2011 09:18 Вести

Само неколку минути откако ја нанела бојата за коса, 38 годишната Џули Мек Кејб се срушила и паднала во кома.


Британката Џули во кома е веќе три недели, а лекарите проценуваат дека има многу малку шанси да преживее. Се претпоставува дека имала алергиска реакција на хемиското средство кое се наоѓало во бојата за коса која ја користела.

Моментално се наоѓа во болница и е приклучена на апарати. Лекарите нејзиниот сопруг Расел го предупредиле дека во случај да преживее, Џули речиси сигурно ќе има трајни оштетувања на мозокот.

Се уште не е докажано дали британката паднала во кома поради бојата за коса, но во болницата во моментот се спроведуваат тестирања дали тоа е причината за несреќниот настан.

Постои оправдан сомнеж, сметаат во болницата, дека хемикалијата para-phenylenediamine (PPD), која се наоѓа во 99% од сите бои за коса, е поврзана со нејзината состојба.

Пред месец дена, по боење на косата умрела 17 годишната Табита Мек Корт, чија смрт се уште се истражува.

Таткото на Џули, Кит Милер рече дека по миење на бојата од косата се пожалила дека не и е добро и дека тешко дише. Сопругот потоа ја однел во болницата, а на патот кон таму и престанало срцето.

Домашните велат дека веќе со години користи боја за коса и дека никогаш немала никакви алергиски реакции. Но, уверени се дека за комата е крив PPD, и велат дека ќе бараат негова забрана.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...