Sunday, 23 October 2011 12:35 Вести

Реган Смит (11) од Велика Британија нема да оди во училиште на некое време...


Мајката на единаесетгодишникот од Велика Британија го повлекла синот од училиштето затоа што наставниците го исфрлиле од час поради „анти-училишната фризура“, а потоа му се заканиле со исклучување и префрлување.

„Се разбира дека не ми се допаѓа тоа што мојот син не оди на часови, но од каде им е правото на наставниците да исфрлаат ученик од час поради косата?“, рече мајката на детето со фризура. „Рекоа дека неговата фризура е против нивната установа“.

Наставниците од училиштето Пенкет од Варингон му наредиле на Реган да се истриже или ќе го префрлат во одделението за проблематични ученици.

Токму поради таа причина неговата мајка Кристи решила да води инат со образовниот систем и го повлекла својот син од училиштето.

„Веќе шест години се потстрижува индијански и никогаш немало проблеми. Кога го запишував во училиштето прашав еден од родителите дали ќе има проблеми поради таквата фиризура и ми рече дека нема. Сега му наредиле да се истрижа или ќе биде префрлен во одделението со слаби ученици, иако сите му се петки“, рече Кристи.

Мајката додава дека фризурата на нејзиниот син е дел од неговиот идентитет. „Дури не ја ни носи косата подигната кога оди на училиште... едноставно немаат право да се однесуваат така.“

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...