Saturday, 22 October 2011 11:15 Вести

Група студенти од Австрија го тужи Фејсбук затоа што оваа компанија на своите сервери ги чува и оние податоци кои корисниците ги избришале од своите профили...


Нов проблем поврзан со приватноста на Фејсбук - група студенти од Австрија подигнала тужба против оваа компанија на судот во Ирска поради нетранспарентниот и наводно незаконски начин на кој ги зачувуваат податоците на корисниците.

Целата работа ја поттикнал 24 годишниот студент на право, Макс Шремс, кој проучувајќи ги законите за приватност, ова лето побарал од Фејсбук да му ги предадат сите податоци кои ги собрале за него.

Со обѕир на тоа дека според европските закони на компанијата мораат да ги откријат сите податоци кои ги имаат за некои личности - доколку тие личности го побараат тоа (таков закон не постои во САД), па така Фејсбук морал на Шремс да му ги открие сите податоци кои ги има за него, па тој се изненадил кога му пратиле CD на кое се наоѓале дури 1.200 страници од неговите активности на оваа социјална мрежа во последните три години - објави на ѕидот, пораки, пријатели и други информации.

Шремс во едно интервју рекол дека бил уверен дека поголемиот дел од тие информации ги избришал, но Фејсбук сепак некаде ги зачувал така што и понатаму држат податоци за него за кои тој мислел дека не постојат.



Исто така, уверен е дека не ги добил сите податоци кои оваа мрежа ги зачувала за него, вклучувајќи ги и податоците за страниците кои ги лајкнал и оние за софвтер за препознавање на лице. Макс вели дека Фејсбук на овој начин ги мами корисниците - кога ги прашува дали навистина сакаат да избришат некоја порака и кога некој корисник ќе потврди дека сака да ја избрише пораката, тој очекува таа порака засекогаш да исчезне.

Но, иако содржината која сме ја избришале веќе не ни е достапна, таа и понатаму постои некаде на серверите на Фејсбук. Додава дека личностите кои можат да пристапт на тие податоци можат за кратко време да откријат бројни лични работи на корисниците на Фејсбук - овде не се работи за јавни пораки на ѕидот, туку за приватни пораки кои корисниците меѓусебно ги разменуваат и за кои мислат дека засекогаш ги избришале.

Овде ситуацијата би требало да биде едноставна - кога некои податоци ќе ги избришете, тие би требало да исчезнат, но Фејсбук ги држи зачувани во својот систем и, со обѕир на тоа дека станува збор за податоци на кои немаат право, со тоа го кршат законот. Поради тоа Шремс, заедно со 22 студенти на право, кои исто така ги побарале своите податоци од Фејсбук, подигнале тужба против оваа компанија на судот во Даблин - во тој град се наоѓа канцеларијата на оваа компанија во која се решаваат сите прашања поврзани со проблеми надвор од САД и Канада.

Овој проблем сега го истражуваат ирските власти, и нивната одлука во иднина би можела да влијае на начинот на кој социјалната мрежа на Зукерберг собира и зачувува инфморации за милиони свои корисници.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...