Monday, 29 August 2011 07:56 Вести

Сигурносните камери забележале две деца како крадат, додека мајка им ги чекала пред продавницата...


Камерите во продавница во Ливерпул снимиле неименувана жена која најпрво води долг разговор со шестгодишната ќерка и четиригодишниот син, а потоа ги праќа сами во продавница.

Децата прво се упатиле кон рафтовите со слатки работи и газирани пијалоци, и почнале да зимаат продукти. На снимката се види дека мораат да се качуваат на полиците, за да дофатат поединечни артикли.

Девојчето дури претура по газираните пијалоци додека не пронајде Red Bull, а потоа вика кон вратата „дали е ова тоа, мамо?“. Децата потоа истрчале од продавницата и побегнале со мајката.

Сопственикот на продавницата, Сами Мохамед рече дека е потполно згорзен од однесувањето на мајката.

„Децата се од предучилишна возраст и не можам да замислам во што ќе се претворат кога ќе пораснат, ако некој веќе уште сега ги учи да крадат. Ги жалам децата, а за мајката немам доволно погрдни зборови“, рече тој.

Полицијата во Ливерпул трага по жената врз основа на веќе споменатата снимка.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...