Wednesday, 24 August 2011 10:03 Вести

Во крвта на Ејми Вајнхаус немало ниту една трага од илегална супстанца, покажаа официјалните резултати од токсиколошката анализа...


Во официјалниот извештај на лондонската полиција стои дека во организмот на пејачката се пронајдени трагови од алкохол, но дека уште не е утврдено дали тие влијаеле на трагичната смрт на Ејми Вајнхаус.

Тоа што се истакнува по објавата на овие резултати е фактот дека полицијата утврдила дека немало „недозволени супстанци“, што не ја исклучува можноста дека пејачката можеби зела смртоносна доза „обични лекови“ во комбинација со алкохол.

Непосредно по смртта на Ејми Вајнхаус, дилерот Тони Азопарди призна на полицијата дека на пејачката и продал „кокаин и хероин во вредност од 1.200 фунти“. Нејзиниот татко, Мич Вајнхаус, набргу ги демантираше неговите тврдења, велејќи дека Ејми „престанала да конзумира дрога и алкохол“.

Портпаролот на семејството Вајнхаус по објавувањето на извештајот на лондонската полиција дал соопштение во кое рекол дека конечните резултати од истрагата ќе бидат познати за месец дена.

„Семејството би сакало да и се заблагодари на полицијата и на аутопсичарите на нивната темелна истрага и на тоа што цело време ги известуваа за детали врзани со смртта на Ејми. Конечните резултати се очекуваат во октомври“, рече порпаролот на семејството Вајнхаус.

Пејачката беше пронајдена мртва во својот стан пред еден месец, на 23 јули оваа година.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...