Monday, 08 August 2011 12:52 Вести

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус ќе трча за Јужноафриканската република на Светското првенство во Тегу...


Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус (24), на кој му се ампутирани и двете потколеници, и официјално е сврстен во репрезентацијата на својата земја за настапот на скорешното Светско првенство во Тегу (од 27 август, до 4 септември).

Писториус трча со протези од карбонски влакна кои пред неколку години беа предмет на конфликт. Имено, Меѓународната атлетска федерација (IAAF) сакаше да му забрани настапи во конкуренција со телесно здрави спортисти со тврдењето дека споменатите протези му овозможуваат помало трошење на енергија што му дава предност во однос на соперниците. Писториус, меѓутоа, го доби спорот пред Меѓународниот спортски суд (CAS) во Лозана и од тогаш трае неговиот лов за нормата за едно големо натпреварување.



Сон конечно му се исполни минатиот месец кога на митинг во Лигнан истрчал 400 метри за 45,07 секунди и така ја исполни нормата за SP, но и за Олимписките игри во Лондон следната година. Отако во понеделник и формално е сврстен во Јужноафриканската репрезентација, стана јасно дека ќе стане првиот параолимпиец кој ќе настапи на светското атлетско првенство.

Во Тагу ќе биде единствениот јужноафрички претставник на 400 метри, а пријавен е и за штафета 4x400 метри.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...