Хакерите од групата Anonymous наводно подготвуваат голем напад на социјалната мрежа на Зукерберг и сакаат да го „уништат“ Фејсбук...
На интернет се интензивираа гласините околу „Операција Фејсбук“, која хакерската група Anonymous наводно планира да ја започне на 5 ноември. Оваа операција има за цел да ја уништи најпопуларната социјална мрежа на светот, која денеска, според последните официјални податоци, ја користат повеќе од 750 милиони луѓе ширум светот.
Според видеозаписот кој е објавен на YouTube, главната причина поради која хакерите сакаат да ја уништат мрежата на Зукерберг се лошите поставки за приватност (со кои корисникот управува само делумно) и „фактот“ дека „Фејсбук продава информации за корисниците на владините агенции и им дава пристап на информациите на компании за безбедност за да можат да ги шпионираат луѓето ширум светот“.
Исто така, истакнувааат дека се што корисниците работат на Фејсбук, засекогаш останува на оваа социјална мрежа и дека, без обѕир на поставките за приватност и бришење на профилот, личните податоци кои корисниците ги зачувале на оваа социјална мрежа засекогаш остануваат на неа, па и ако го „избришете“ профилот, понатаму повторно е лесно повторно да го активирате и да ги вратите сите поранешни податоци.
Во објавениот видеозапис се вели дека и Фејсбук за нас знае повеќе отколку нашето семејство, што за многу корисници на оваа социјална мрежна и не е далеку од вистината и тие податоци лесно можат да се искористат против самите корисници. Но, бидејќи на интернет не можат да се пронајдат премногу информации за планот на напад на Фејсбук, прашање е колку има вистина во овие гласини.
Имено, освен самот видеозапис кој би можел да го постави било кој корисник и расправата на некои форуми, на некои главни комуникациски канали на хакерите од Anonymous - барем оние кои им се достапни на јавноста - не можат да се најдат информации за оваа операција, односно повикување на други хакери т.е. хактивисти да се придружат во нападот на најголемата социјална мрежа во светот.
Исто така, ако навистина планираат напад во ноември, нема многу смисла тие информации да се објавуваат толку рано и со тоа да го подготват Зукерберг и екипата на нападот.
Од друга страна, познавајќи го досегашното „дело“ на хактивистите од Anonymous, Фејсбук се чини идеално место за напад, затоа што се противи на нивната филозофија за слободен интернет, посебно поради поставките за приватноста со кои не можеме да управуваме во целост сами.
Сепак, се чини невозможно дека некој баш ќе го „уништи“ Фејсбук, но и самиот напад поради кој некое време корисниците не би можеле да и пристапат на оваа социјална мрежа или посебно ако се докопаат до некои лични информации или лозинки од Фејсбук, силно би одекнал во јавноста и би натерал многу корисници да се запрашаат колку Фејсбук всушност е безбеден т.е. колку е сигурно да ги споделуваат сите свои податоци на ова мрежа.
Авторите на пораката на YouTube ни порачуваат дека 5 ноември е денот кога ќе се влезе во историјата, а на мрежата има коментар дека Anonymous мораат да побрзаат со нападот, затоа што со оглед на се почестото апсење на хакерите, до тогаш можеби никој од нив нема да биде на слобода, па во Фејсбук нема да имаат причина за страв.