Белгиец пет месеци разговарал со жена на Фејсбук, а на крајот излегло дека зад нејзиниот профил стојат криминалци кои го ограбиле...
Најголемата социјална мрежа на светот со повеќе од 700 милиони корисници, освен за пријателство, дружење и запознавање нови луѓе е идеално место и за - измами.
Со обѕир на тоа дека корисниците на Фејсбук најчесто ги употребуваат нивните вистински податоци, многу поголем е степенот на доверба отколку на некои други социјални мрежи, страници за запознавање на луѓе или на chat-овите.
Но, без оглед на тоа, никогаш не можеме да бидеме сигурни кој навистина се наоѓа зад некое име, слика и други лични информации кои можеме да ги најдеме на оваа социјална мрежа, освен ако таа личност не ја познаваме и во вистинскиот живот.
Дека од другата страна на мониторот може да биде некоја потполно друга личност во однос на онаа која се претставува на Фејсбук на најтежок начин открил раководителот на еден супермаркет во Белгија. Тој во февруари добил покана за пријателство од млада белгијка, Катриен Ван Лу - барем така пишувало на нејзиниот профил и со тек на време толку се зближиле што по пет месеци решиле да се запознаат.
Таа една вечер го повикала во својот стан каде, наместо убавица желна за „дружење“, го дочекале двајца мажи кои го врзале и му ставиле повез на очите.
Бидејќи со тек на време ги дознале сите информации за него преку Фејсбук, како адреса на живеење и работното место, без проблем ја испланирале целата акција врзана со неговото киднапирање - додека еден го држал заврзан во станот, друг отишол до неговиот стан каде ги зел клучевите од маркетот и ги дал на трета личност.
Таа трета личност потоа отишла до маркетот во кој работел киднапираниот маж и украл непозната сума пари. Иако надзорните камери ги забележале лицата на личноста која влегла во станот на киднапираниот маж и личноста која ги украла парите од маркетот, тие се уште не се уапсени и нивниот идентитет не е познат.
Со обѕир на тоа дека криминалците внимателно ја проучувале жртвата и направиле многу реален лажен профил и дека нивното допишување пред да се „запознаат“ траело дури пет месеци, белгиецот немал никаква причин да се посомнева дека зад името на женската личност се кријат криминалци чија единствена цел била да се докопат до клучевите од неговиот маркет и да го ограбат.
Ова е само еден од случаите кои покажуваат колку запознавањето преку интернет и Фејсбук може да биде опасно и колку е лесно да се измамат личностите во виртуелниот свет.
Во Sophos, кој ја објави оваа приказна и во чие видео можете да ги видите снимките од криминалците снимени со надзорни камери, потсетуваат дека најдоброто запознавање сепак е тоа што е во живо, кога точно можете да знаете со кој зборувате и како таа личност изгледа, а не да потрошите пет месеци на виртуелно кокетирање кое на крај завршува со киднапирање и грабеж.