Saturday, 30 July 2011 09:10 Вести

Компанијата на Зукерберг ги повика хакерите и сигурносните истражувачи да им ги пријават сите проблеми кои ќе ги најдат на Фејсбук и така да заработат 500 долари...


Фејсбук на сигурносните истражувачи и хакери ќе им плаќа по 500 долари за откривање на проблеми и сигурносни пропусти во оваа социјална мрежа, а ако стане збор за поголем или поопасен пропуст, бројот на парите ќе биде поголем.

Во оваа компанија до сега на корисниците кои ги пронаоѓаа пропустите им заблагодаруваа објавувајќи ги нивните имиња на посебна страница - некои луѓе од тој попис дури и ги вработија во Фејсбук, а сега најавија дека ќе ја променат праксата и дека наместо „писмена благодарност“ ќе добијат пари.

Ваквиот начин на наградување за пронаоѓање на сигурносните пропусти ги практикуваат и други компании како Гугл (кој плаќа меѓу 500 и 3.134 долари за пронајден пропуст) и Мозила, а сите кои намеруваат да соработуваат во оваа програма мораат да се пријават на whitehat порталот на Фејсбук и таму да ги пријавуваат пропустите.

За да учествуваат во оваа програма, хакерите би требало да исполнат неколку услови - таа личност мора прва да го пријави проблемот, потребно е на екипата од Фејсбук да и даде „разумно време“ за одговор на пријавениот пропуст пред таа информација да се објави јавно, пријавениот bug мора да ја загрозува приватноста на корисниците на најголемата социјална мрежа на светот и корисниците кои ги пријавуваат проблемите не смеат да живает во земји кои моментално се под санкции на САД (како Северна Кореја, Купа и Либија).



Голем број хакери, кога ќе пронајдат некој сигурносен пробпуст, веднаш го објавуваат на интернет за да ги стекнат своите „5 минути слава“, а кога тој пропуст ќе им стане достапен на сите, други хакери имаат доволно време за негово искористување пред истиот да се пронајде и закрпи.

Со пријавување на пропустот директно на Фејсбук, хакерите ќе добијат шанса да заработат пари, а оваа компанија ќе добие сознание за проблемот на својата мрежа кој ќе го реши пред информациите за тој пропуст да се појават во јавноста. Во Фејсбук велат дека им е многу важно одржувањето на добри врски со хакерската заедница и дека неделно им се јавуваат од 30 до 50 хакери и сигурносни истражувачи кои ги предупредуваат на пропустите во нивната мрежа.

Оваа програма му се исплати и на Гугл, кој преку програмата за плаќање на сигурносните истражувачи дозна за голем број проблеми, поголеминот дел во нивните помалку познати производи и до сега исплатиле повеќе од 300.000 долари.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...