Sunday, 24 July 2011 14:05 Вести

Ненадејната смрт на пејачката ја потресе и шокира јавноста, како и нејзините родители и нејзините бројни фанови, така и пријателите и други познати личности...


Голем број познати личности и обожаветели се огласија веднаш по објавената вест дека пејачката Ејми Вајнхаус умре вчера во 16 часот во својот стан во Западен Лондон.

Многу од нив ја познавале, многу не, некои се обидувале да и помогнат, за жал безуспешно, но сите се согласуваат во едно, дека нејзината прерана смрт е голема трагедија и загуба, како за човечката, така и за светската музичка сцена „која од оваа загуба никогаш нема да се соземе“.

На различни форуми и блогови можеа да се сретнат изјави како: „Почивај во мир Ејми“, „Само една беше Ејми“, „Светот уште не е свесен што загуби“, „Веќе нема да биде исто после тебе“ и слично.

На своите Twitter профили се голасија и познатите кои и упатија последни зборови и пораки за трагично загинатата Ејми...

„Навистина тажна вест, моето срце е со нејзиното семејство“, напиша актерката Деми Мур.

„Последниот пат кога разговарав со неа и реков да ја пушти ‘својата светлина да сјае посилно’“, напиша раперот Q-Tip.

„Музичката индустрија изгуби вистински и неповторлив талент. Почивај во мир, драга Ејми“, напишаа од Sony Music Global.



„Колку голема загуба. Почивај во мир, Ејми. Бакнежи и те сакаме“, напиша Флоренс Велш од Florence + The Machine.

„Запрепастена сум. Поминав неверојатни времиња со Ејми. Таа пееше за мене еднаш со часови, беше тоа најубавото и најтрогателно нешто. Огромна загуба“, напиша Дита Вон Тис.

„Начинот на кој солзите паѓаат по моето лице покажува колку голема е таа загуба“, напиша Jessie J.

„Сите постирајте го оваа на вашиот Тwitter профил за да покажете почит кој Ејми Вајнхаус и жалење за нејзината смрт“, апелираше до сите злогласната Ребека Блек.

Некои беа и помалку саркастични, револтирани од тоа што оние што биле блиски со пејачката дозволиле да дојде до ова: „Фала на сите во твојот живот кои толку те сакаа и не дозволија вака да завршиш! Почивај во мир, Ејми Вајнхаус, би сакал некој да можеше да ти помогне“, напиша Фред Севиџ на својот Twitter.

Реакциите за смртта на пејачката пристигнуваат секоја минута, а социјалните мрежи се претрупани со последни пораки од фановите кон починатата ѕвезда.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...