Saturday, 14 April 2012 07:56 Најнови вести

Судот во САД прогласи едно 14-годишно момче за виновно за убиство на вереницата на неговиот татко која воедно била и бремена, во 2009 година...

Судијата од судот во округот Лоренс, Џон Хоџ, го прогласи тинејџерот Џордан Браун за виновен, за убиството на вереницата на неговиот татко Кнези Хоук (26), и нејзиното сеуште неродено дете.

Таквата пресуда значи дека Браун ќе остане во притвор за малолетници до својата 21 година.

Постои можност дека до тогаш ќе биде пуштен на условна слобода, а одлуката за тоа треба да биде наскоро донесена, а ќе зависи од проценката за тоа колку ќе успее да го поправи своето однесување во притворот.

Откако во 2009 е оптужен за убиство, поголемиот дел од времето го помина во притвор за малолетници. Меѓутоа доколку судот за возрасни го прогласи за виновен, на Браун му се заканува казна доживотен затвор, без право на жалба.

Тужбата против Браун првобитно била доставена до судот за возрасни, во случај да биде оптужен за убиство.

Кензи Хоук е убиена во 2009 година во деветиот месец од бременоста, а пронајдена е мртва во својот кревет, со прострелна рана во задниот дел од главата.

Пукањето се случило откако татко му на Браун, Кристофер заминал на работа.

Истражителите го пронашле пиштолот на патот по кој Џордан Браун поминал неколку минути после пукањето, каде со автобус заминал на училиште.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...