Tuesday, 31 May 2011 10:14 Наука

Научниците откриле начин да гледаат како зборовите се формираат во човечкиот мозок во откритие што еден ден може многу да им помогне на оние со пречки во зборувањето...


Истражувачите нашле начин да ѕирнат во најдлабоките катчиња на мозокот за да можат да гледаат како зборовите се формираат.

Користејќи електроди, тие го нашле делот од мозокот што ги создава околу четириесетте звуци што го формираат англискиот јазик.

Потоа тие откриле дека секој тој звук ма посебен сигнал за кој веруваат дека би можел евентуално да дозволи компјутерска програма да чита што сакаат луѓето да кажат со моќта на нивните зборови.

Истражувањата за читање на мислите биле предводени од тим од Центарот за иновација во невронауката и технологијата во универзитетот во Вашингтон.



Водени од директорот, Ерик Леутхард, тие проучувале четири луѓе кои страдале од сериозна епилепсија, а секој од нив имал вградено 64 електроди во нивните глави.

Оригиналната причина за ова бил обидот да ја најдат причината за нивната епилепсија, но Леутхард исто така ги снимил деловите од мозокот каде што се оформувал говорот.

„Ова истражување покажува дека мозокот не е црна кутија како што филозофски се претпоставуваше со генерации наназад“, изјави Леутхард за Sunday Times.

„Јас не велам дека можам целосно да го исчитам мозокот на некој. Не можам. Но, сега имам доказ дека тоа навистина е возможно.“

Истражувањето ќе биде објавено во Jurnal of Neural Engineering.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...