Tuesday, 10 May 2011 14:00 Наука

Американската вселенска агенција, НАСА, го одобри лансирањето на ракетата Endeavour за 16 мај, кое претходно беше неколку пати откажувано поради електронски проблеми со греачите поврзани со помошниот агрегат на спејс шатл...

Endeavour на својата 25-та и последна мисија требаше да полета на 29 април, но само четири часа пред лансирањето одбројувањето беше прекинато затоа што екипажот открил техничка пречка. По тоа, лансирањето од вселенскиот центар Кенеди во Cape Canaveral во Флорида, е одложувано неколку пати.



Ракетата во текот на 16 дневната мисија би тебала на Меѓународната вселенска станица (ISS) да донесе 7 тонски Алфа магнетски спектрометар (AMS) и резервни делови за станицата. Спектометрот вреден две милијарди долари би требало да ги истражува вселенските феномени како темни материи и антиматерии.

Инженерите на НАСА во меѓувреме го лоцираа проблемот и во текот на викендот ја заменија електричната кутија и поставија нови каблови до греачот во агрегатот. Поправката вклучи и тестирање на другите состави на ракетата, објави НАСА.

„Го проверивме целиот состав. Сега сме уверени дека проблемите со електрониката на бродот веќе не постојат“, рече водителот на тимот на НАСА за лансирање на ракетата Mike Moses. Одложувањето на лансирањрто на Endeavour нејверојатно ќе се одложи и заминувањето во историјата на 30 годишната програма спејс шатл, која би требало да заврши со лансирање на Atlantis на крајот јуни. „Таа мисија поради доцнењето на Endeavour најверојатно ќе биде одложена за две недели“, рече Moses.



НАСА ја завршува својата програма на ракети поради големи трошоци и зголемени сигурносни ризици, и збор газвојот на своите нови посовремени вселенски летачи.

По тоа последно лансирање на Atlantis, НАСА за патување во вселената ќе зависи од рускиот Сојуз. Новата генерација на американски вселенски бродови сигурно нема да биде оперативна барем до 2015 година, бидејќи се уште не е одлучено кој проект ќе ги наследи спејс шатловите.
Американската администрација настојува да ги комерцијализира вселенските летови и трошоците за развој да ги префрли на приватни компании.

Endeavour прв пат е лансиран на 7 мај 1992 година, а по последната мисија ќе се изложи во Калифорнијскиот музеј на науката во Лос Анџелес.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...