ТОП ВИДЕО |
Friday, 06 May 2011 12:07
Наука
Со лансираната рампа во Флорида, каде Алан Шепард во 1961 година полетал на 15 минутен вселенски лет, NASA во четвртокот ја обележа 50 годишнина од првиот лет со човечки екипаж...
Во 1961, американските соперници од Советскиот Сојус веќе го пратија Јуриј Гагарин во вселената, на лет кој беше подолг и на поголема висина од оној на Шепарт и на NASA тогаш им се чинело дека вселенската трка веќе е изгубена. „Кога Шепард полета, на плеќите ја понесе NASA“, вели Џеј Барбри, биограф на Шепард и новинар кој долго време ги следи вселенските летови. „Знаеше дека неговиот неуспех ќе значи и неуспех на вселенската програма.“ Во четвртокот на истото место NASA ги поздрави поранешните астронаути и гостите и ја прослави 50 годишнината на тој важен настан. NASA на крајот од оваа година ја затвара програмата шатл која е прескапа, а тие средства ги ослободуваат за финансирање на понатамошни летови во вселената. Шепард полетал на висина од 186 километри, а по него следувале уште шест слетувања на Месечината и програмата шатл. „Проектот Меркур и даде нешто ново на нашата земја“, рече водителот на NASA, Чарли Болден, некогашен астронаут на спејс шатл. „Сега имаме возбудлив пат напред, во развој на капацитетот кој луѓето ќе ги однесе на уште повеќе дестинации во Сончевиот систем“, рекол Болден на прославата. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|