ТОП ВИДЕО |
Friday, 18 February 2011 12:30
Наука
По истерувањето на Плутон од групата девет планети, можеби Тихе ќе биде неговата замена... По целата бркотница во врска со Плутон што се случи во 2006 година, многу луѓе беа обесхрабрени од фактот дека сончевиот систем има само осум планети наместо традиционалните девет. Овие луѓе сигурно ќе бидаат заинтригрирани од теориите на два универзитети од професорите на Луизијана и Лафајет, кои веруваат дека масивина, а сепак неоткриена планета може да постои во самиот сончев систем. Професорите Daniel Whitmire и John Matese ја именувале планетата „Тихе“, во чест на грчката божица што владеела со судбината на градовите. На грчки, зборот „тихе“ значи „судбина“ или „среќа“. Дали судбината или среќата на Тихе ќе биде замка за двајцата научници, останува да се види. Претпостави за возможното постоење на планетата Тихе загрева многу дебати во внатрешноста на научната заедница. Matese и Whitmire оригинално дошле со нивната теорија во 1999 година. Тие ја базирале на фактот дека многу долгопериодични комети во Ортовиот облак покажуваат орбитални карактеристики. Прецизно, некои од нивните гроздовидни образци се покажуваат како елиптични, што сугерира дека нешто ги попречува нивните траектории. Ако невиден објект влијае врз нивните орбити, мора да биде поголем и од Јупитер; всушност Whitmire и Matese веруваат дека може да биде дури четири пати поголема од моментално најголемата планета во сончевиот систем. Ултиматумот кажува дека без разлика дали постои или не постои планетата Тихе, останува да се одлучи во International Astronomical Union, истата организација што го „исфрли“ Плутон од групата од девет планетит во 2006 година. IAU има поставено строги водичи во врска со тоа што ја прави планетата - планета; ако Тихе постои, мора да одговара на сите тие показатели за да влезе во сончевиот систем и пак да има девет планети. Научниците кои не се согласуваат со Matese и Whitmire велаат дека, ако Тихе навистина постои, нејзиното присуство може да ги истера коемтите од внатрешноста на Ортовиот облак; тоа не се случува. Во секој случај, постоењето или непостоењето на Тихе ќе биде утврдено во следните две години. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|