Thursday, 02 October 2014 08:28 Наука

Под тврдината во Токато, на северот во Турција, е откриен лавиринт со ќелии и тунел од 15 век...



Во овој тунел одамна бил затворен влашкиот војвода Владислав III Дракула, кој послужил како инспирација за романот на ирскиот автор Брама Стокер, „Дракула“.

За време на реновирање на тврдината покрај „Темницата на Дракула“ е откриен тајниот тунел, кој води до военото складиште надвор од објектот и римското купатило.

Влашкиот војвода Влад III е роден 1431 година. Неговиот татко Влад II го добил презимето Дракул (змеј) кога станал член на христијанската Витешка организација „Змеј“.

За време на дипломатскиот состанок во 1442 година со султанот Мурат II, синовите на Влад - Влад и Раду се земени како заложници и се претпоставува дека браќата истовремено биле заложени во тврдината Токат. Ослободени се 1447 година после смртта на нивниот татко и постариот брат Мирче.



Се верува дека влашкиот принц Влад III во 1462 година набил 20.000 луѓе на кол пред романскиот град Трговиште, со цел да ги затресе силите на Отоманското царство. Оттаму и прекарот Владо Набивачот.

Тој е уапсен поради сторени злодела и бил 12 години во затвор, иако местото на неговото заробеништво е спорно, Се претпоставува дека бил во затвор во Романија од 1462 - 1474 година, но има претпоставки и дека бил затворен во Турција.

„Дракула бил овде. Тешко е да се процени во која соба го држеле, но сигурно бил тука некаде“, вели археологот Ибрахим Четин, кој се надева дека ископувањето ќе расветли еден дел од историјата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...