Friday, 11 July 2014 10:35 Наука

Може ли на книгата да се процени по корицата? Кога се работи за креирање на мислење за некого, се претпоставува дека може...



Нашиот мозок со голема брзина ги идентификува вербалните и невербалните знаци во првата слика кога запознаваме некого.

Истражувањето вели дека за првиот впечаток е потребна помалку од 1 секунда, па дури и не мора да се запознаваме лично со таа личност. Доволно е само да ја видиме нејзината фотографија на Facebook.

Без разлика дали се работи за разговор за работа, прв состанок или запознавање со нова личност, првиот впечаток е неверојатно моќен и речиси невозможно е да се промени. Но, не грижете се, овие факти и трикови ќе ви помогнат да оставите совршен впечаток првиот пат.

1. За 10 секунди се создава првиот впечаток, кој се базира на неговите црти на лицето. Така успеваме да процениме дали некој е привлечен, допадлив, самоуверен, компетентен или агресивен. Истражувачите откриле дека самодовербата и привлечноста се квалитети кои најбрзо се проценуваат.

2. Првиот впечаток е толку моќен што дури и да дознаеме нешто подоцна за истата личности, сепак се враќаме на првиот впечаток и ја проверуваме оваа информација преку таа призма. Сепак и судиме на книгата врз основа на корицата и не можеме поинаку, но сепак можеме да го измениме своето мислење доколку се потрудиме.



3. Облекувањето, ставот и јачината на стисокот при ракување играат многу важна улога за првиот впечаток. Слабиот стисок може да креира впечаток на пасивност, затоа потрудете се да стиснете посилно, но не до степен да скршите рака некому.

Бојата на гласот е дури и пресудна. Шкотско истражување открило дека врз основа на нечиј глас се проценува дали некој е самоуверен, агресивен или пријатен.

4. Доколку сакате да оставите посилен впечаток со некого, запознајте се лично со него, а не преку Facebook, Skype или било какво видео. Преку овие алтернативни начини поголема е шансата да оставите негативен впечаток.

5. Самодовербата ја ставаме над довербата кога го создаваме првиот впечаток - секогаш имаме подобар впечаток за некој кого го сметаме за самоуверен. Пуштете прво другата личност нека зборува така што ќе и поставувате прашања. Луѓето грешат кога мислат дека е најдобро први да раскажат се што имаат да кажат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...