Friday, 04 July 2014 10:56 Наука

Има луѓе што ги оставаат цигарите со едноставна одлука, од утре веќе не пушат...



Меѓутоа, постојат и оние на кои ниту психотерапија со никотински фластери не може да им помогне. Зошто е тоа така?

Научниците откриле дека луѓето што не реагираат на награди, имаат најмали шанси да ги остават цигарите.

„Потенцијалната корист од прекинувањето на пушењето како што се на пример штедењето во паричен износ и подобро здравје, не им е толку важна на одредени луѓе“, изјавил д-р Стивен Вилсон, доцент по психологија на Пен Стејт Универзитетот во Пенсилванија.

Во истражување се регрутирани 44 пушачи за да се испита реакцијата на центарот на мозокот после понудената награда. Понудени им се пари за секоја неиспушена цигара.

Побарано е од нив да не пушат барем 12 часа пред изведување на експериментот, а учесниците потоа го поминале времето под магнетна резонанца додека играле игра со погодувањена карти со можност за заработка. На учесниците им било кажано дека мора да почекаат 2 часа до крајот на експериментот за да испушат по една цигара. Меѓутоа, за време на играта на погодување, на половината им е кажано дека дошло до грешка и дека можат да излезат на 50 минутна пауза, при што ако не пушат ќе можат да заработат по 1 долар за секои 5 минути, значи вкупно 10 долари.

Д-р Вилсон и неговите колеги откриле дека пушачите што не можеле да го прифатат предизвикот да не запалат цигара, покажуваат слаби реакции во центрите на мозокот задолжени за награда.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...