ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 05 January 2010 16:47
Наука
Вселенскиот телескоп Kepler, кој е лансиран од минатата година со мисија за откривање на "Нови Земји", веќе во првите недели на научни истражувања го оправда името "Ловец на планети"... Иако сите пет нови планети, односно планети надвор од Сончевиот систем се поголеми од нашиот Нептун, американската вселенска агенција е исклучително задоволна од резултатите и тврди дека тие откритија се доказ дека телескопот Kepler работи како што треба и дека е многу остелив. Сите пет откриени планети се именувани според Kepler и се викаат Kepler 4b, 5b, 6b, 7b и 8b. Нивната големина е четири пати поголема од Земјата, а дури се поголеми и од самиот Јупитер. Тие кружат многу блиску до своите ѕвезди, на кратки орбити со краток опсег од 3.2 до 4.9 дена. Таа блискост зборува за тоа дека тие ѕвезди се всушност многу пожешки од нашето Сонце и дека Kepler-овите планети се изложени на интензивна "скара". Тие имаат интригантна густина. Просечната температура на површината на планетите се движи 1200-1650 степени целзиусеви. Kepler 7b го предизвика вниманието на многу научници. Во прашање е една планета со најниска густина од околу 0.17 грама на кубен центиметар. "Просечната густина на таа палнета е како стиропор. Тоа е најверојатно лесна планета и уверен сум дека со неа ќе се занимават многу теоретичари, кои ќе се обидат да ја разберат нејзината структура", рекол Д-р Bill Borucki, директор за истражувањето на телескопот Kepler од НАСА. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|