Tuesday, 24 December 2013 08:35 Наука

Ново истражување открило дека мозокот на девојките созрева побрзо отколку мозокот на мажите...



Како што старееме, деловите на мозокот се намалуваат, бидејќи непотребната поврзаност помеѓу клетките се намалува, поради што мозокот станува поефикасен.

Научниците преку скенер прегледале мозоци на 121 човек. Учесниците биле на возраст од четири до 40 години.

Откриено е дека процесот на намалување на поврзаноста помеѓу клетките започнува на 10 години кај девојчиња, а кај машките дури на 20 години.

„Ова е нормален дел од процесот на учење. Мозокот како целина продолжува да се проширува, но, врската помеѓу одредени клетки се губи. Тоа е слично како ситуација кога на забава сите зборуваат во исто време, па така не можете на никого да се концентрирате, но, ако некој глас се издвои од останатите, полесно ќе го слушнете. Слично се случува и со мозокот. Ако врската е прекината, полесно му е да работи“, објаснува д-р Маркус Кејсер, еден од истражувачите.

Истражувањето открива дека клучните, долгорочни врски помеѓу мозочните области се зачувуваат.

„Губењето на поврзаноста помеѓу клетките во текот на развојот на мозокот помага да се подобри функцијата на мозокот, така што целата мрежа се поврзува поефикасно. Многу е подобро да побарате насоки од човек кој живее во одредена област, отколку да ги прашувате сите луѓе. Слично на тоа, мозокот со ваков развој учи да се фокусира само на важните информации“, вели Сол Лим, еден од истражувачите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...