Friday, 18 October 2013 10:34 Наука

Научниците во Грузија пронашле череп стар 1,8 милиони години и го споредиле со фосилите од Африка, на основа на што веруваат дека различните видови на луѓе всушност биле дел од ист вид...

Теоријата по која на Земјата пред 2 милиони години шетале различни видови на луѓе изгледа паѓа во вода. Швајцарските научници тврдат дека поранешните фосили пронајдени во Африка и Евроазија веројатно се дел од ист вид на луѓе.

Во текстот објавен во списанието Science, научниците наведуваат дека homo habilis, homo rudolfensis и homo erectus се дел од иста развојна линија, која довела до развој на модерниот човек. Но, не сите се согласуваат со нивната теорија.

Научниците го проучувале најкомплетниот череп на хоминид кој досега е пронајден, а откриен е во Дманиси, стотоци километри од главниот град на Грузија Тбилиси.

Черепот стар 1,8 милиони години бил пронајден на местото каде биле пронајдени вкупно пет черепи од човечки претци. Покрај тоа, пронајдени се и камени алати и коски од големи мачки. Освен што ова е најголемото наоѓалиште на вакви добри траги, тоа се и најраните траги од примитивните луѓе надвор од Африка.

"Сега имаме најдобар доказ за она што бил раниот хомо", вели авторот на студијата Дејвид Лордкипаниде од Грузискиот националент музеј и додава дека навистина е фасцинирачки на едно место да се има толку голема колекција.

Черепот бил пронајден пред осум години и научниците го споредувале со останатите фосили пронајдени во Африка, кои се стари 2,4 милиони години.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...