Friday, 30 August 2013 08:26 Наука

Минијатурни "човечки мозоци" беа одгледувани во лабораторија и научниците се надеваат дека ова ќе го промени разбирањето за невролошките болести...

Структурите со димензии на зрно грашок постигнале исто ниво на развој како кај ембрион на девет недели, но немаат ментални способности. Истражувањето објавено во списанието "Nature", веќе се користи за разбирањето на ретки болести.

Невролозите го окарактеризираа откритието како неверојатно и прекрасно. Човечкиот мозок е една од најкомплексните структури во универзумот. Научниците од Институтот за молекуларна биотехнологија од Австриската академија на науките успеале да прикажат некои од најраните фази на развој на органот во лабораторија.

Тие користеле или ембрионални матични клетки или клетки од кожата на возрасните, за да произведат дел од ембрионот, која се развива во мозокот и 'рбетниот мозок - neuroectoderm. Тој бил ставен во мали капки гел, за да се создаде скеле за развојот на ткивото, а потоа и во ротирачки биореактор "прехранбена бања", која обезбедува хранливи материи и кислород.

Клетките успеале да се развијат и да се организираат во одделни области на мозокот како мозочната кора, ретината и поретко во раниот хипокампус, кој е тесно поврзан со меморијата во целосно развиениот мозок на возрасен човек. Научниците се убедени дека тоа наликува на мозокот на фетусот до деветтата недела. Ткивата стигнале максимален износ од околу 4 мм по два месеци.

"Мини-мозоците" преживеале речиси една година, но не пораснале повеќе, бидејќи нема циркулација, а само мозочното ткиво, па хранливите материи и кислородот не можат да навлезат до центарот на мозочната структура.

Техниката може да се користи за замена на глувците и стаорците при испитување на лекови, бидејќи новите лекови можат да бидат испробани на вистинско мозочно ткиво. Научници успеале да создадат мозочни клетки во лабораторија и пред, но ова е најблискиот модел, до кој некој дошол при создавањето на човечки мозок.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...