Tuesday, 25 June 2013 14:49 Наука

Астрономите од Јужната европска опсерваторија (YUEO) откриле три планети, потенцијални близнаци на Земјата кои кружат околу ѕвездата Gliese 667C во соѕвездието Скорпија...

Тие се наоѓале на такво растојание од своето сонце, што на нив потенцијално може да има услови за живот. Температурата на површината би дозволила таму да има вода во течна состојба.

"Импресивно е што откривме релативно блиску до нас ѕвезда со толку многу планети во т.н. зона за можно постоење на живот", изјави за медиумите астрономот од Вашингтонскиот универзитет Рори Барнс, кој е дел од меѓународниот тим истражувачи.

Овие небесни тела спаѓаат во категоријата на "супер Земја", бидејќи се релативно мали како дијаметар во споредба со гигантите, кои сочинуваат голем дел од екстрасоларните планети кои се наоѓаат надвор од Сончевиот систем, откриени по 1995 година.

Уште нема докази дали ново откриеното трио се состои од планети со цврста површина, за разлика од гасните светови чии токсични или задушливи гасови го прават постоењето на живот невозможно.

"Овие планети се доволно добри кандидати да бидат со тврда подлога и, можеби, атмосфера како земјината, а не како онаа на Јупитер", додава Барнс со порака до медиумите за откритието.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...