Friday, 08 February 2013 16:41 Наука

Група американски истражувачи успеале да го пронајдат најдолгиот прост број кој се состои од 17 милиони цифри.

Прости броеви се сите природни броеви кои се делливи без остаток само со бројот 1 и сами со себе, а поголеми од бројот 1, како што се 3, 5, 7, 11...

Кертис Купер и неговиот тим од Универзитетот во Мисури успеале да дојдат до број кој содржи 17.425.170 цифри, што на хартија претставува повеќе од 4.000 испишани страници А4.

До овој резултат истражувачите дошле со помош на техниката за проучување на Марсеновите прости броеви. Им биле потребни 40 дена сметање, со користење на 360.000 процесори, за да дојдат до нови рекорди.

Овие истражувања овозможуваат изработка на практични апликации, посебно во криптографијата.

Купер и неговата екипа, покрај чистата наука, ги мотивирала и премијата од 3.000 долари која проектот за систематско проучување на Марсеновите броеви (GIMPS) ја доделува за едно вакво откритие.

Фондацијата за електронски граници (EFF, меѓународна непрофитабилна организација за одбрана на човечките права и слобода во дигитален облик), соопшти дека ќе го награди со 150.000 долари пронаоѓањето на прст број со повеќе од 100 милиони цифри, а со 250.000 долари пронаоѓањето на прост број со повеќе од милијарда цифри.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...