Saturday, 20 October 2012 15:46 Наука

Една мала британска компанија успеала да ја освои технологијата за произведување на бензин од вода и воздух, за која се надева дека еден ден ќе придонесе за производството на еколошки горива со широки размери.

Инжинерите на компанијата Air Fuel Synthesis (AFS) во Тисајд, на север од Англија, тврдат дека за три месеци произвеле пет литри синтетички бензин.

Технологијата се состои во издвојување на јаглеродниот диоксид од воздухот и водородот од водата и нивно комбинирање во реактор со катализатор за да се добие метанол од кој потоа се добива бензин.

Користејќи обновлива енергија во овој процес, можно е да се произведе CO2 неутрално гориво кое може да се користи на идентичен начин како и стандардниот бензин, тврдат научниците.

„Горивото е почисто, затоа што е синтетичко“, објаснил претставникот на AFS, Питер Харисон. Истражувањето е дел од двегодишниот проект кој досега чинел околу милион фунти (1,6 милиони долари).

Меѓутоа, „еколошкиот“ бензин нема да може во блиска иднина да се појави на бензинските пумпи. „Моментално не можеме да го произведеме по сегашните цени на бензинот, но кога-тогаш тоа ќе се случи“, рече Харисон.

„Се што ни е потребно е обновлива енергија, а кога нафтата ќе стане проблем, ќе бидеме во состојба да им помогнеме на автомобилите да се движат и понатаму, а авионите да продолжат да летаат“, додаде тој.

AFS планира во наредните две години да изгради фабрика која ќе произведува околу 1.200 литри специјални горива, наменети за спортски возила.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...