ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 15 May 2012 16:47
Наука
Преголемата потрошувачка, премногу експлоатираните природни ресурси и сè побројното население ја доведуваат планетата Земја во опасност... Ова стои во извештајот што денес го објави Светскиот фонд за заштита на природата, неколку недели пред самитот во Рио. Според зборовите на Џим Лип, главен директор на Светскиот фонд за заштита на природата, со седиште во швајцарскиот град Гланд, светот живее „како на располагање да имаме уште една планета. Користиме 50 отсто повеќе извори од оние кои Земјата може трајно да ги произведува и ако ништо не се смени до 2030 година, нема да ни бидат доволни ниту две дополнителни планети". „Овој извештај е како редовен преглед на планетата, а резултатите говорат дека нашата планета е тешко болна", вели Џонатан Бајли, од лондонското Зоолошко здружение, коавтор на извештајот. „Занемарувањето на оваа дијагноза би имало тешки последици за човештвото, можеме да и го вратиме здравјето на планетата само ако се фокусираме на корените на злото: растот на населението и прекумерната потрошувачка", додава Бајли. Извештајот кој се објавува секоја втора година формално го претстави холандскиот астронаут Андре Куиперс, кој моментално се наоѓа во Меѓународната вселенска станица. „Имаме само една Земја, а ние вршиме неподнослив притисок на нашата планета. Треба сите да знаеме дека мораме да го спасиме нашиот дом", вели тој. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|