Friday, 16 March 2012 12:10 Наука

Кинеските научници веруваат дека пронашле посмртни остатоци од досега непознат човечки вид кој на земјата живеел пред околу 15.000 години.


Научниците објавиле дека почнале со анализа на остатоците од најмалку пет индивидуи кои засега ги нарекле „луѓето од пештерата на Црвениот Елен“, бидејќи остатоците се пронајдени на локација во близина на таа пештера. Во статија за научното списание PLoS One додале дека е потребно да се спроведат дополнителни истражувања за да се утврди дали навстина се работи за досега непознат човечки вид.

Коските, черепите и забите се пронајдени уште во 1989 година, но досега не биле подетално испитани. Според првите анализи, луѓето од пештерата на Црвениот Елен имале кратки и плоснати лица, широки носеви, а предниот дел од мозокот им бил прилично сличен на оној кај современиот човек.

„Откривме нова популација предисториски луѓе кои се анатомски единствени меѓу сите припадници на човечкото еволуциско стебло“, објасни австралискиот научник Дерен Курноу.

Научниците предупредуваат на внимание затоа што не сакаат да брзаат со заклучоците. Како точно овој „новооткриен вид“ се вклопува во процесот на еволуција на човекот се уште не е познато, но научниците се надеваат дека со понатамошни анализи ќе дојдат до одговор на тоа прашање.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...