Saturday, 03 March 2012 16:13 Наука

Спротивно на закоравеното мислење, по шеесетата година се спие сè подобро, открива истражувањето спроведено на 155.000 луѓе во Америка.


Авторите на студијата, чии резултати оваа недела се објавени во списанието Sleep, утврдиле дека осумдесетгодишниците најмалку се жалат на проблеми со соновите.

Проблеми со спиењето најмногу имаат личностите на возраст меѓу 40 и 59 години, посебно жените, но по шеесетата година тие проблеми полека исчезнуваат.

„Резултатите се во спротивност со она што обично се мисли“, вели д-р Мајкл Гарднер, научник во универзитетот во Пенсилванија и главен автор на студијата.

Тој за тоа наведува неколку објаснувања. Познато е дека општата здравствена состојба е тесно поврзана со квалитетот на сонот, како и дека личностите со послабо здравје имаат помали изгледи да доживеат длабока старост, објаснува тој.

Возрасните луѓе во помлади години соочени се стресни ситуации било на факултет, на работно место, во семејството или, во случајот на жените, во менопаузата, што може да им го поремети сонот, додава д-р Гарднер.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...