Tuesday, 07 February 2012 10:39 Наука

Руски научници успеале да дојдат до најголемото езеро под антартичкиот мраз. Езерото Восток, како што се претпоставува е старо дури 20 милиони години...


Научниците конечно по 3.768 метри мраз стигнале до површината на езерото. Со тоа им се отвори еден нов, целосно неистражен свет, а големо е прашањето она што ќе успеат да го најдат во ова езеро.

"Нашите научници го довршија дупчењето на длабочина од 3.768 метри и стигнавме до површината на езерото под мраз", изјави анонимен извер за руската агенција RIA. Тоа откритие нуди и можност за некои фундаментални научни сознанија и откритија, истакнал Сергеј Лешеников, портпарол на научниот институт на Арктикот и на Антарктикот.



"Бидејќи долниот слој од мраз е формиран пред 400.000 години, од состав на гасови, можеме да дојдеме до сознанија каков бил составот на атмосферата пред 400.000 години", рекол Лешеников.

"Со тие податоци тогаш е можно да се идентификуваат и предвидат одредени климатски промени во иднина, а тоа е многу важно", додал тој.



Научниците со дупчењето на мразот до езерото започнале уште од 1989 година, а дали езерото навистина постои под толку мраз, потврдено е во 1996 година. Две години потоа бушењето било прекинато, бидејќи се стравувало дека со тоа може да се загадат водите на езерото. Со развојот на новите технологии, се продолжило со дупчењето на мразот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...