Saturday, 01 October 2011 10:39 Наука

Летачки тепих навистина постои. Направен е во лабораторијата на универзитетот Пристон...


Првиот минијатурен волшебен тепих направен од пластика, полетал во лабораторијата на универзитетот Пристон, со помош на електрични бранови.

Станува збор за лист „паметна“ пластика, со должина од 10 сантиметри, која ја придвижуваат електрични бранови кои со долната страна праќаат малечки „џепови“ воздух од напред кон назад.

Прототипот се движи со брзина од околу еден сантиметар во секунда, а со понатамошно унапредување на дизајнот би можела да се достигне брзина од еден метар во секунда.

Креаторот на овој уред е дипломираниот студент Ноа Џаферис. Прототипот засега има ограничен домет затоа што е приврзан за тешки батерии, така што може да се придвижи само неколку сантиметри.

Меѓутоа, младиот научник објаснил дека веќе работи на унапредување на моделот кој ќе се движи на соларна енергија и ќе може слободно да прелетува поголеми далечини.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...