ТОП ВИДЕО |
Sunday, 31 May 2009 19:00
Наука
Атоми, молекули и соединенија кои го променија светот...
Постојат соединнија и супстанци кои го променија правецот на човечката историја, спасија многу човечки животи и го направија светот подобро место за живеење. Некои од нив навистина донесоа несреќа, но сепак променија нешто.
2. Натриум Хлорид - NaCl Натриум хлоридот уште попознат како готварска сол го поплочи патот кон модерната цивилизација. Најпрвата употреба на натриум хлоридот била како средство за конзервирање на зеленчукот и месото и се употребува повеќе од 4.000 години. Солта им овозможила на трговците да заработат многу пари така што нивната храна траела подолго време и можела да се транспортира на подолги релации. Солта е многу важна и за продукција на многу хемикалии, сапун и хартија. Нејзината употреба се повеќе се зголемува, а тоа се докажува и со фактот дека само во 2006 година биле продуцрани 240 милиони тони сол и транспортирани на секаде околу светот.
4. Аспирин - C9-H8-O4 Аспиринот е најупотребуваниот лек во светот, со годишна конзумација на повеќе од 100 билиони таблети. Главната активна компонента, салицилна киселина која потекнува од врба, се користела како лек од народната медицина во 5-от век пред нашата ера. Германскиот хемичар Felix Hoffman дури во 1897 година го синтетизирал аспиринот во стабилна форма. Аспиринот денес има широк спектар на ефективност, од грозница и артритис се до превенција од срцев удар и деменција.
5. Натриум стеарат - Na-C18-H35-O2 Тешко е да замислиме како живото би мирисал без ова соединение. Натриум стеаратот е главна состојка во сапуните кои пак се секојдневие во одржувањето на хигиената. Натриум стеаратот претставува превенција од многу заболувања така што се раствора во вода иако има масни киселини. Според Националната Фондација за Деца, миењето на раце со сапун спречува 1.4 милиони случаи на смрт годишно, предизвикани од акутни инфекции на респираторните патишта.
6. Силикон - Si Во 1954 година првиот силиконски транзистор ја иницираше патеката на глобалната потрошувачка на полупроводниците. Силиконот е клучната состојка во компјутерските чипови. Тој исто така се користи во соларните ќелии, експлозивите и имплантите чии најчести корисници се жените.
9. Морфин - C17-H19-N-O3 Овој потенцијален убиец на болката за прв пат бил изолиран од германскиот фармацевт Friedrich Serturner во 1804 година. Се до денес, тој е најважниот лек кој се користи за да ја намали болката кај пациенти кои се во завршната фаза на својата болест. Никој друг лек не има толку долготрајно дејство и ефективност во отстранување на болката. 80% од светската популација има пристап само до 6% од светската потрошувачка на морфинот. Но морфинот се дистрибуира насекаде во светот во форма на наркотично средство кое на сите ни е познато-хероин.
10.Етанол - C2-H5-OH Доколку главата ви тежи, гледате дупло и одеднаш ви се чини дека сите во светот се привлечни, сигурно е до „слаткиот“ напиток. Движејќи се во светски рамки, околу 2 билиони луѓе уживаат во етанолот. Пример за тоа е еден просечен австралијанец кој секоја година пие околу 10 литри чист алкохол. За појавата на етанолот се виновни амбарите со жито на нашите предци кои биле наврнувани од дождовите а потоа ферментирале под дејство на сонцето.
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|