Saturday, 30 July 2011 08:25 Наука

Истражувачите од британскиот Национален институт за медицински истражувања и нивните швајцарски колеги соопштиле дека го пронашле првото антитело кое може да се избори со сите видови на грипот А...


Според резултатите од експериментите направени на глувче заразено од грип, кои се објавени во научното списание Science Express, антителото може да биде употребено за „вонреден третман“.

Истражувачите изразија надеж дека со развој ќе се дојде до „единствена вакцина“, затоа што моментално за секоја зима мора да се подготвува посебен серум затоа што вирусот се менува.

Вирусолозите откритието го нарекоа „добар чекор напред“.

Бројни истражувачки групи ширум светот се обидуваат да развијат единствена вакцина. Потребно е да „нападнат“ нешто што е заедничко за секое заболување со грип, а што не се менува, односно не мутира.

Научниците испитале повеќе од 100.000 примероци имуни клетки земени од пацинентите кои се заболени од грип или примиле вакцина против тоа заболување.

Професионалците го изолирале антителото под назив FI6, чија мета е протеинот пронајден на површината на сите групи А и под називот „хемаглутинин“.

„Ги испитавме сите подвидови на грипот А и протеинот влијае на сите. Се надеваме дека ќе може да биде употребен во терапија со вшприцување на антителата со цел да се спречи инфекцијата“, рече научникот сер Џон Шекел од Национален институт за медицински истражувања.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...