Научниците со користење на LED диоди постигнаа брзина на бежичен пренос на податоци од 500 MB/s...
Во иднина би можеле да го користиме новиот стандард за бежичен пренос на податоци, Li-Fi, кој би можел да му конкурира на Wi-Fi и кој е базиран на технологијата Visible light communication (VLC) која ги користи импулсите на светлината за бежичен пренос на информациите.
Како што објаснува Харалд Хас од универзитетот во Единбург, сржта на оваа технологија се LED диодите - „кога диодата е вклучена, емитира дигитална единица, а кога е исклучена емитира нула“. Тие можат да е палат и гасат многу брзо и незабележително за човечкото око и на тој начин можат да се пренесуваат податоци, а Хас вели дека податоците се кодираат во светлината менувајќи ја брзината со која LED диодите треперат, т.е. се палат и гасат за да дадат различна низа од единици и нули.
На универзитето во Единбург, но и на Оксфорд, научниците работат на подобрување на оваа технологија која би требала додатно да го забрза преносот на податоци со VLC и се фокусираат на „паралелен пренос на податоците користејќи низа LED диоди, при што секоја диода пренесува различен stream на податоци“.
Некои други групи научници работат на поинакви методи на кроситење на светлечките диоди, па така користат црвени, зелени и сини диоди за да ја променат фреквенцијата на светлината, при што секоја фреквенција кодира различен канал со податоци.
Хас дури покрена и компанија која од следната година би требало да продава VLC чија брзина на пренос на податоците би требала да биде 100 MB/s. Во ваков начин на бежичен пренос на податоци во лабораториски услови би се постигнала и многу поголема брзина, па така истражувачите во Heinrich Hertz во Берлин постигнале брзина поголема од 500 MB/s користејќи ги стандардните бели LED диоди.
Во New Scientist потсетуваат дека пред две години американскито Federal Communications Commission предупредил на потенцијален „спектар од кризи“ - со обѕирот на се потрошеност на податоците на мобилните уреди, наскоро би можеле да останеме без радиот-фреквенцисјкиот bandwidth.
Во ослободувањето од bandwidth би можел да помогне токму Li-Fi - Хас вели дека инфраструктурата за оваа технологија веќе постои и дека „само е потребно да се заменат околу 14 милијарди сијалици на светот со LED диоди кои можат да пренесуваат податоци“, и напоменува дека VLC е многу поевтин од Wi-Fi.
Уште една предност на VLC во однос на Wi-Fi е и тоа што сигурно може да се користи во авиони, болници па дури и под вода, со оглед на тоа што не користи радио-фреквенциски сигнали, туку светлина.
Но, некои научници предупредуваат дека и оваа технологија има свои лоши страни, а тоа е дека не смее да има препреки при емитувањето на импуслите на светлината т.е. како што кажува Марк Лисон од универзитетот во Варвик, работи само на „директна линија на поглед“ и верува дека таа нема да го замени Wi-Fi, покрај сите добри страни.