Tuesday, 03 May 2011 11:46 Музика

Лејди Гага објави на својот официјален твитер профил дека видеото за нејзиниот втор сингл, Judas, премиерно ќе биде прикажан на 5-ти мај...


Овој четврток ќе биде вистинска шлаканица за црквите!
Секогаш провокативната и вечно откачената Лејди Гага на својот твитер профил објави дека видеото за нејзиниот втор сингл, Judas, од нејзиниот трет студиски албум, Born This Way, ќе биде премиерно прикажано на 5 мај, овој четврток.

Видеото премиерно ќе биде прикажано во 19:30 според Источно Стандардно Време во САД и Канада (кај нас 13:30 попладне истиот ден) на www.eonline.com.
Видеото ќе има две верзии, од кои едната ќе биде прикажана E! Тelevision за време на епизода од Американски Идол, а другата ќе биде во 19:30 и ќе трае околу 7 минути.
Ова е едно од најозборуваните видеа на Лејди Гага, уште пред истото да се појави.

Католичката црква го забрани видеото за сите христијани само откако слушна дека во видеото Лејди Гага ќе биде во улога на Марија Магдалена, проститутка од Библијата на која откако Исус Христос ќе и ги прости гревовите ќе стане негова следбеничка.

Од црквата апелираат до сите вистински христијани да не го гледаат видеото, затоа што со сигурност ќе биде „богохулно“.
Видеото е во режија на Лејди Гага и Лориен Гибсон, во улогата на Јуда Искариотски ќе се појави Норман Ридас, а целиот проект чинел неверојатни 10.000 долари, што го прави веројатно едно од најскапите видеа досега.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...