Monday, 16 August 2010 10:23 Музика

Фановите на Елвис Присли се собрале вчера во близина на неговиот дом во Грејсленд да ја пречекат 33 годишнината од неговата смрт...

Илјадници фанови на ликот и делото на единствениот Присли, и покрај ниските температури, цела ноќ поминале да се присетат на Кралот.

Елвис Присли умре на 16-ти август 1977 година на возраст од 42 години. Животот го завршил во својот дом, а причина за смрта биле предозираноста со дрога. Поради тоа паднал во длабока кома, и иако се обидувале, лекарите неможеле да му го спасат животот.

Елвис се борел со здравствените проблеми во последните две години од неговиот живот. Се разболел од дијабетис и гастритис, а земајки дрога неговата состојба само се влошувала. Три месеци пред смртта пејачот доживеал срцев удар, но дури ни не го променил својот начин на живот. 



Легендата на Rock `n` Roll-от започнал да пее на 13 години на црковни церемонии и средношколски настани во Мемфис. Првата песна ја напишал и снимил како роденденски подарок на својата мајка. Школувањето воопшто не го интересирало и на 18 годишна возраст одлучил да стане портир во кино или возач на камион. Животниот пат сепак го одведел во други води.

Тој бил 15 години на естрадата а до 1975 година, издал дури 52 плочи кои само за време на неговиот живот се продале во 600 милиони примероци.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...