Friday, 16 October 2015 10:51 Музика

Секој 16 октомври не потсетува на нашата огромна загуба, на овој ден пред 8 години во сообраќајна несреќа трагично загина Тоше Проески...



Тоше беше еден од најпопуларните пејачи на Балканот, роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, а трагично загина на автопат во 2007 година во Хрватска. Македонскиот ангел загина кога неговиот автомобил Volkswagen Touareg удри во приколката на камионот пред себе, близу до Нова Градишка. Пејачот беше пресечен и му немаше спас, затоа што седел на совозачкото седиште, додека возачот, воедно и негов другар, Ѓорги Ѓоргиевски и менаџерката Љиљана Петровиќ поминаа само со повреди.



До ден денешен случајот не е целосно расветлен, затоа што возачот на камионот исчезна и беше целосно недостапен за новинари и јавноста воопшто, како земјата да го голтна. Затоа новинарите се сомневаат дека Тоше загина под сомнителни околности, односно голема е веројатноста да е убиен.



Тодор Тоше Проески дефинитивно остави многу музика зад себе. Ја започна кариерата во 1996 година како дете, и учествуваше на голем број музички фестивали низ цел балкан, каде постојано победуваше.

Освен извонреден пејач, Тоше имаше големо срце, одржа голем број на хуманитарни концерти и луѓето чувствуваа дека го правеше тоа од срце, а не за слава. Неодамна излезе и неговиот сингл „Седум стари икони“, испеан на оригинално ромски јазик „Efta Purane Ikone“. Вечна ти слава, ангелу наш македонски и бисер на Балканот!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...