Monday, 24 March 2014 09:14 Музика

Фантастичниот Даниел Кајмакоски после победата во „X-Factor“ вели дека е среќен што победил на финалето...



Талентираниот македонски пејач рекол дека во иднина секако планира да се занимава со музика и дека фантазира да направи светска кариера и да ја претставува Македонија на „Евровизија“.

"Не верував дека ќе дојде до ова, што е само почеток. Убаво се чувствувам и верувам дека сега професорите од музичкото училиште во Виена, кои ме избркаа, бидејќи мислеа дека сум неталентиран сега ќе ми се извинат. Не знам што да кажам. Цел живот го чекав ова. Знам дека моите ќе бидат многу горди. Верував во себе, но ова е нешто фантастично, изјавил Даниел Кајмакоски на прес конференцијата по завршувањето на шоуто.



„Најмногу го слушав своето срце и оставив на работите едноставно да се случат. Се трудев да пејам колку што можам подобро и подобро. Одев на се или ништо. Денес се чувствував феноменално, опуштено, без трема. Додека бевме во Шимановци, немав свои фанови да ме поддржат. Лајв емисијата секогаш се одржуваше во вторник, моите пријатели мораа тогаш да работат, а патот од Виена до Белград беше предолг. Никогаш немав публика во сала, а денес ми се чинеше дека за прв пат цела публика ме поддржуваше. Тоа ме опушти многу, бидејќи знаев дека имам голема поддршка“, истакнува победникот.



Кајмакоски му оддаде големо признание на неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ.

„Отсекогаш сакав да соработувам со музичар каков што е Жељко. Мојата победа во X-Factor е и негова заслуга. Тој беше одличен ментор и би бил пресреќен ако и во иднина работам со него“, рекол Даниел, кој додава дека би сакал да соработува и со останатите членови на жирито, Емина Јаховиќ, Кики Лесендриќ и Кристина Ковач.



Со оглед на тоа што Кајмакоски го очекува и снимање на албум, тој наведе дека би сакал да сними дует и со Тамара Милановиќ, Илма Карахмет, Алекса Перовиќ и Маид Хечимович.  Неговиот настап можете да го видите на овој линк.

Освен тоа, Даниел мечтае и за потенцијална светска кариера.

„Кој не би го сакал тоа. Отсејкогаш мечтаев за тоа. Не си поставувам себеси граница дека не можам. Секогаш мора да веруваш дека тоа е остварливо. Кога б ми се случило тоа, не би се плашел, ниту би ме фатило страв да се обидам. Во прашање е голема работа и треба и другите луѓе да го забележат тоа“, вели младиот Македонец.



Инаку, Даниел потврди и една интересна информација од својот живот, а тоа е дека своевремено морал да го напушти музичкото училиште, бидејќи бил наводно неталентиран за тој вид на уметност.

„Таа информација е точна, се запишав на музичка гимназија во Виена, која морав да ја напуштам пред половина година, бидејќи еден професор тогаш сметаше дека не сум доволно талентиран за музика“, истакнал Даниел, кој открил и дека истиот тој професор му се извинил.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...