Saturday, 22 June 2013 15:21 Музика

Поминаа повеќе од 30 години од емитувањето на култниот „Трилер“, а Ола Реј, која глумеше девојка на Мајкл Џексон, се уште изгледа прекрасно...



На видео спотот глумеше рамо до рамо со кралот на поп музиката. За да ја одбележи четвртата годишнина од смртта на познатиот музичар, 52-годишната Ола Реј објави спот со посвета за Мајкл Џексон.

Ола Реј се уште плива во манекенски води и на 52 години изгледа одлично! Горда на нејзината одлична фигура, на својот Фејсбук профил објави фотографија со залепен фустан и го покажува својот неодолив сексипил.



Четвртата годишнина од смртта се одбележува на 25-ти јуни. За таа цел Ола го објави спотот за песната „Remember“.

„Овој проект траеше речиси 1 година. Многу сум среќна што успеав да завршам во вистинско време, токму за време на годишнината на Мајкл. Се надевам дека сите ќе уживаат“, порачала Ола Реј.



Реј ја започнала својата професионална кариера како пејачка и танчерка на крајот на 70-тите години, кога таа ја основала групата „The Puppets“ со своите браќа и сестри. Нејзината фамилија тогаш живеела во Токио, а освен пеењето, Ола се појавувала и на јапонски реклами и модни едиторијали. На крајот на 1978 година таа се вратила во САД, кога ја прогласиле за Плејбој зајачица на месецот.

Она по што најмногу луѓе се сеќаваат на неа е улогата на убавата девојка на Мајкл Џексон: Ола во 1982 година се појави во „Трилер“ и стекна светска слава. Морам да се признае дека и по 30 години Ола е се уште вистинска убавица!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...