Thursday, 01 November 2012 17:43 Музика

Проширеното издание на нејзиниот деби албум излегува на 12 ноември, но новиот месец не пречека со 8 нови протечени песни од убавата пејачка.

Лана Дел Реј не може да се спаси од хакерите кои како да решиле да ги украдат сите песни кои пејачката ги има снимено во својот живот.

Утринава на сите социјални мрежи „пукна“ веста дека 8 нови песни од пејачката се неофицијално протечени на интернет. Песните ги носат насловите Fordham Road, Methamphetmines, Push Me Down, Don't Want To Go, Last Girl On Earth, Live Or Die, Butterflies и Prom Song.

Ова протекување на неофицијално објавени песни од пејачката веќе не се знае кое точно е по ред. Изгледа како секој ден од неа да протекува по некоја нова песна.

Нејзиниот деби албум Born To Die излезе на 31 јануари 2012 година, во обично и делукс издание. На обичното издание има 12 песни, а на делукс изданието само 3 повеќе. Тоа се 15 песни.

Потоа пејачката го објави промотивниот сингл Blue Velvet, а веднаш по него и првиот најавен сингл од проширеното издание на нејзиниот деби албум, Ride. Born To Die: The Paradise Edition треба да излезе на 12 ноември и на него треба да се најдат 9 нови песни, вклучувајќи ги Blue Velvet и Ride.

Меѓутоа, од пејачката имаат протечено повеќе од 100 песни кои ги има снимено од периодот меѓу 2006 и 2012 година. Лана изјави дека и е мака што толку многу песни од неа имаат протечено, и дека не планира повеќе да снима песни, затоа што тоа што имала да го каже - го кажала.

Кутрата Лана...

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...