Saturday, 27 October 2012 16:55 Музика

На никој не му е баш јасно, но кралицата на попот сега се запиша и во историјата на британската дискографија како жена која има продадено најмногу синглови на сите времиња.

Иако последниот албум и од критиката, но и од публиката беше дочекан на нож, MDNA турнејата не оди баш по план, но нејзините песни и понатаму одлично се продаваат. Од објавувањето на првата песна Holiday, во далечната 1984 година до денеска, Мадона има продадено 17,8 милиони синглови.

Holiday сепак не беше на првото место на британската топ лиса, но во тоа успеела со следниот Into The Groove, а последен пат на број еден беше со синглот 4 Minutes од 2008 година.

Меѓутоа, кралицата наскоро би можела да остане без тронот затоа што Ријана опасно и се заканува. Пејачката од Барбадос за само седум години успеа да продаде 11,4 милиони синглови, а нејзиниот сингл Diamonds, со кој го најавува новиот албум Unapologetic дебитираше на првото место на британската листа на синглови.

Сексипилната Кајли Миног е трета. Таа за 25 години кариера на Островот продала 10,2 милиони синглови. Четврта е Витни Хјустон со 8,5 милиони, а ги следи Лејди Гага со „само“ 7,4 милиони.

Меѓу првите десет се и Бритни Спирс (7,3 милиони), Бијонсе (6,9 милиони), Селин Дион (6,7 милиони), Мараја Кери (6,6 милиони) и Оливија Њутон-Џон (6,5 милиони).

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...