ТОП ВИДЕО |
Thursday, 19 April 2012 16:21
Музика
Грег Хем од познатиот австралиски бенд е пронајден мртов во својата куќа во Мелбурн. Телото на музичарот го пронашле двајца негови пријатели, кои, загрижени бидејќи не се јавил неколку дена, отишле до неговата куќа. Хем (58) починал под неразјаснети околности, па ќе биде спроведена истрага за неговата смрт, потврди локалната полиција. Талентираниот мултиинструменталиста на бендот познат по песните Down Under и Who Can It Be Now свиреше на флејта, саксофон, клавијатури и гитара. Ја има отсвирено познатата мелодија на флејта за најголемиот хит на славниот бенд од осумдесетите Down Under, но доживеа срам кога судот во Австралија одлучи мелодијата да ја прогласи за копија на една детска песна. Men At Work е единствен австралиски бенд кој во САД имаше истовремено и сингл и албум на првите места на топ листите. Освоија Греми награда за најдобар нов изведувач во 1983 година, и продадоа повеќе од 30 милиони албуми ширум светот. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|