Monday, 31 October 2011 09:16 Музика

Пејачката Флоренс Велш од Florence + The Machine во едно интервју изјави дека поради бившиот дечко за малку ќе останела без нозе...


Пејачката Флоренс Велш од Florence + The Machine во едно интервју изјави дека поради бившиот дечко за малку ќе останела без нозе. Тоа било кога имала само 17 години и се уште била средношколка.

Имено, тој ја побарал на домашниот телефон и ја повикал на состанок, а таа почнала да скока по собата од среќа и скокнала на парче паркет кој искокнал од подот и се повредила.

„Парчето паркет ми се заби во стапалото, а јас врз него скокнав од креветот затоа што бев среќна што дечкото ми се јави. Излезе дека тој беше мојата прва љубов, така што мислам дека се исплати. Но, речиси го загубив стапалото! Така одат тие работи кога сте среќна личност“, коментираше Флоренс.



Првиот албум, на кој се наоѓаат хитовите што ја прославија, го напишала по раскинувањето со вториот дечко, Стјуарт. Парот во меѓувреме се смири, но Флоренс внимателно коментираше: „Секако дека сега сме многу посреќни и поотворени, но не сум сигурна дали ова е приказна која завршува со ‘Живееја среќно до крајот на животот’.“

Интересно е тоа што денеска, на 31 октомври, Ноќта на вештерките, треба официјално да излезе вториот студиски албум на Florence + The Machine, кој е насловен како Ceremonials, а првите два синглови - What The Water Gave Me и Shake It Out - ветуваат уште еден одличен албум со моќниот глас на нежната Флоренс.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...