ВИЦ

Кружен тек

Разговараат две плавуши...
- "Слушам дека си паднала на возачкиот испит?!"
- "А да, паднав..."
- "Па како?"
- "Доаѓам јас на кружен тек и на знакот пишуваше 30. Јас направив 30 круга а инструкторот ми вика паднавте..."
- "Лелеее, сигурно погрешно да си броела."

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Friday, 22 July 2011 02:09 Музика

Токсикологија Мјузик најавува незаборавен музички хип-хоп настан на 23 јули во Охрид, кабаре шоу испреплетено со театарска претстава односно античка драма со оглед на тоа дека концертот се одржува на Античкиот театар...

Античките јунаци всушност ќе бидат самите артисти, она што го открија од Токсикологија е дека Слаткаристика ќе го игра Арес, а Буцо ќе биде Зевс, за останатите останува да го проследиме шоуто.



Драмата ќе се одвива во текот на целиот концерт што ќе претставува и најава за песните. Покрај изведувачите дел од целокупниот настан ќе земат и двајца млади актери Кирил Трајковски и Валентин Костадиновски - Тино придружени со три божици, а целата замисла е направена од режисерот Андреј Цветановски.

Концертот започнува во 20 часот, а честа да го отворат ќе ја имаат младите хип-хопери „Бесвест“.

„Поголемиот дел од песните што ќе се најдат на репертоарот се познати на публиката, ги изведувавме на минатите концерти на Античкли театар но, ќе имаме и некои нови кои се промовираа во минатиов период. Ветуваме добра спектакуларна забава“, изјави Дарко Масларковски - Буцо од Токсикологија.

Во периодот што следи до пред одржувањето на концертот, по плажите низ Охрид се ангажирани „медицински сестри“ во рамките на Токсикологија кои имаат за задача да делат флаери кои се обележани со жиг. Тоа значи дека секој кој ќе има таков флаер ќе му се рефундираат 50 денари од цената на купената влезница.

„Тоа го направивме со цел да им олесниме на нашите фанови да добијат попуст од 50 денари. Флаерите се во медицинските сестри и докторките на Токсикологија, кои по улиците и плажите низ Охрид ги делат, а покрај тоа и вакцинираат“, рече Жарко Масларковски - Чико од Токсикологија.

Минатата недела членовите на Токсикологија направија тетоважи. На левата рака го носат жигот на Токсикологија, а на десната познатиот поздрав „4екераукц“.

Единствен од артистите на Токсикологија кој нема да настапи на концертот е Џоле Блажевски, кој во моментов се наоѓа во градот Епинал во Франција, каде што ќе снима албум во придружба на продуцентот Стефан Маринковиќ - Че и фотографката Стефани Павловска.

Новина е и тоа што Слаткаристика ден по концертот на Антички театар ќе отпатува за Париз, каде што ќе има концертен настап.

Од Токсикологија потврдија дека целата организација е подготвена, вклучувајќи го озвочувањето, осветлувањето и целата сценографија.

НАГРАДНО ПРАШАЊЕ:

Кога ќе видиш некој од Токсикологија, не викај здраво, туку кажи...?

а. Добар ден

б. Hello

в. 4екераукц

Првите 5 кои ќе одговорат точно на наградното прашањето добиваат гратис влезници. Вашите одговори испраќајте ги ТУКА (заедно со вашето име и презиме).


Добитниците на гратис влезници ќе бидат објавени по 16 часот денес.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...