ТОП ВИДЕО |
Sunday, 15 May 2011 20:39
Мода & Убавина
Кејт Винслет зазема веќе познати пози зад сцените на првата фото сесија за St. John... Како ново лице на St. John, Кејт Винслет ги следи чекорите на Анџелина Џоли и Керен Елсон. Но, новите слики од зад сцената од нејзината прва фото сесија се исто така многу слични на друга позната фаца. Ѕвездата од „Титаник“, 35 години, која беше најавена како нов модел минатата недела, би можела да биде близначка на Мадона, или барем многу помала сестра. Од острите образи и напрчените усни, до кратката руса коса, фото сесијате е многу слична на кампањите на Мадона за Dolce & Gabbana или Louis Vuitton. Добитничката на Оскар и мајка на две деца позираше за фотографот Крег Мекдин во историскиот театар Loew во Њу Џерси, а крајниот резултат ќе се појават во списанијата од август. И покрај изненадувачката сличност со кралицата на поп музиката, госпоѓа Винслет денеска објасни дека било важно да си личи на себе на сликите. „Тие сакаа да си личам на мене, а не да се преправам дека сум модел што ја носи оваа облека. Јас очигледно не сум модел. Ја немам големината на модел. Го немам лицето на модел ниту пак формата на модел.“ |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|