Friday, 01 April 2011 08:29 Мода & Убавина

Модните додатоци се совршен начин да го освежите својот пролетен изглед. Од интересен шешир во стилот на седумдесетите преку секси сандали со полна потпетица дo тренди очила за сонце, откријте кои шест модни додатоци едноставно морате да ги имате оваа пролет...

Шешир со широк раб
Голем и мек раб на шеширот е совршен детал за прошетка по градот во оваа сеозна. Освен што е совршена заштита од сонце, овој моден додаток е совршен детал со лесно макси фустанче или пак сини фармерки со боја на тапез кои се задолжително парче од облеката оваа сезона.



Крупни мачкасти очила
Уште еден стил од седумдесетите кој се врати наголемо. Правилото е што пообилно и поголемо, тoку подобро. Округлите очила им стојат на повеќето жени, а ако не сакате претерано крупни очила, изберете го „мачкастиот“ облик, односно модел нешто поиздолжен во горниот дел од оквирот.


Цврсти чанти со строги линии
Цврстите ретро торби на затварање со нагласено копче и со кратка и долга рачка се вистински хит кој прилега со различни модни комбинации. Изберете торба од овој тип во некоја посилна боја како што е тиркизната или бојата на тула што совршено ќе го освежат вашиот пролетен изглед.



Шарени вечерни торбички
За вечерна прошетка или одење во ресторан, класичната чанта оставете ја дома и освежете го стајлингот со мала торбичка со живи бои. Не е важно за кои бои се работи, важно е единствено да бидете креативни.



Секси сандали

Која жена би можела да им одолее на сандалите кои ја издолжуваат нејзината фигура? Ако сакате да имате визуелно подолги нозе, сандалите со потпетица се секако моден детал за вас. Освен што одговараат со различни комбинации за облекување, многу се удобни, а со обѕир на тоа дека станува збор за полна потпетица, за разлика од штиклите во нив можете да одите по песочна плажа, камена плажа или по тревна површина без да пропаѓате.



Крупни обетки

Неизбежен детал кој и тоа како може да го освежи вашиот пролетен стајлинг. Крупни обетки во нежни бои им одговараат на русокосите, црнките и бринетите, а можете да ги носите со различни комбинации. Усогласете ги со крупни очила за сонце и веќе споменатиот шешир и бидете во тренд од глава до петици.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...