Friday, 18 March 2011 14:38 Мода & Убавина

Веќе е познато дека тешката шминка и неодржуваната коса можат да ве направат да изгледате постари, но слично е и со облеката. Погрешниот избор на вистинската облека, особено на онаа за на работа, е модна грешка која може да ви додаде и до 10 години. Дознајте кои 5 модни грешки не смеете да ги направите...


1. Преголема препиена сукна
Тесниот крој на сукната до колена може да изгледа многу деловно, но и многу секси. Но, таквата сукна мора да ви е целосно точна, затоа што во спротивно оддава сосема спротивен изглед. Ако купите преголема сукна немојте да ја носите, туку посетете го најблискиот кројач и прилагодете ја на своето тело. Исто така, сукната не би требало да ги поминува колената.

2. Чевли и торба во иста боја

Правилото кое слепо го почитувале вашите баби веќе не е ин. Истото важи и за карминот ускладен со лакот за нокти или пак гаќичките со боја на кожа. Овие модни трикови некогаш биле закон, но денеска можат едноставно да ве направат постари. Не придржувајте се слепо на правилата и прописите, туку пуштете ја имагинацијата на своја волја. Денешната мода го спојува неспоивото и дозволува игри и експерименти како со боите, така и со стиловите.

3. Комплети
Кажете „не“ на се што се состои од два дела. Комплетите јакна и панталони или сукна и маичка откриваат несигурност и немање вкус за мода. Поиграјте се со примероците и искомбинирајте маичка со прин и еднобојно палто или сако или пак некоја друга младенечка работно-елегантна комбинација.

4. Чевли со дебела потпетица
Дебелите и големи потпетици, посебно оние ниските можат да изгледат многу невкусно. Доколу носите вакви чевли поради удобност, време е за промени затоа што постојат многу модели на штикли кои истовремено се и удобни и елегантни. Малите ниски потпетици, балетанките, плуто-чевлите или сандалите се многу модерни, а можат да изгледаат одлично. Изберете модел кој најмногу ви одговара и за истите пари изгледајте модерно.

5. Преголеми машки кошули

Широките, машки кроеви на кошули и џемпери под кои го криете своето тело изгледаат многу неженствено и невкусно. Ако сакате навистина да ги прикриете недостатоците, подобро одберете женска, благо структуирана кошула и сако со подолг крој кое ќе ги покрие критичните делови и ќе го нагласи тоа што треба да биде нагласено.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...