Saturday, 26 February 2011 17:28 Мода & Убавина

По углед на музичката суперѕвезда, Лејди Гага, се очекува дека и холивудските актерки на црвениот тепих за доделувањето на Оскарите, ќе се појават во чукнати, футуристички дизајнирани фустани, предвидуваат модните професионалци...


Насоката на иднината е во спротивност со стилот на изминативе години кога на доделувањата на најзначајните филмски награди се носеа класични фустани, со едноставен дизајн и боја, како и помалку накит, а се во склад со светската економска криза.

Но, како што довербата на потрошувачите се враќа, најголемските филмски диви ќе носат впечатливи фустани со нагласени набори и истакнати рамења и ракави. Се очекува и широк спектар од бои, од бледи тонови и боја на кожа, до нагласена розева, портокалова, полноќно сина и класична црна.

Дизајнерот Марк Бауер вели дека овогодишните футуристички дизајни биле инспирирани од костимите на познатите поп ѕвезди, какви што се Лејди Гага, Ники Минаж и Бритни Спирс во нејзиното последно музичко видео Hold It Against Me. „Уметниците се облекуваат се полудо и тоа веднаш се одразува на модоата“, рекол Бауер.

„Иако на доделувањето на Оскарите нема да видиме костими како оние на Лејди Гага, можеме да очекуваме поизразен архитектонски стил кој вклучува проширени рамења и продолжени ракави. Се појави силна жена и тој тренд не може да се игнорира“, истакна тој.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...