ТОП ВИДЕО |
Monday, 21 February 2011 18:25
Мода & Убавина
Софија Вергара која е позната по своите облини, нагло ослабнала за рекламата на новиот Пепси. И додека професионалците тврдат дека жените со облини имаат посилен горен дел од телото, глумицата на рекламата е со совршени пропорции кои одговараат на денешниов маркет...
За рекламата на новата „слаба“ лименка на диетална верзија на популарниот пијалок се појавува глумицата која е горда на своите облини, но за потреба на снимањето останала без нив. Софија која и самата вели дека тешко и паѓа одрекувањето од благото и се горда на своето тело падна во рацете на Фотошоп, а новиот излгед кој Пепси го претстави на штотуку завршената модна недела во Њујорк ги изненади многумина. Покрај слабата лименка се наоѓа и слаба глумица. Од Пепси тврдат дека пијалокот е наменет за помладата и модно известена публика па затоа ја обрале Вергара и модната недела како место за промоција. Професионалците се солгасуваат дека на рекламата горниот дел од нејзиниото тело е ослабен затоа што за жените со бујни гради карактеристичен е посилен горен дел од телото додека фотографијата ја покажува Софија со тесни рамени и тенки надалктици. Софија на рекламата позира во костим за капење и со голем шешир па е речиси непрепознатлива. Здруженијата кои им помагаат на личностите болни од пореметување во прехраната искажаа загриженост поради влијанието на оваа реклама врз младите, но од Пепси се оградуваат и тврдат дека нивниот пијалок во тенка и софистицирана лименка е наменет за убави жени полни со самодоверба и дека се горди на долгата историја на славење на женската убавина преку модата. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|